Роан Аткинсон открива што навистина мисли за неговиот лик Мистер Бин

popara1 февруари, 20231min00
profimedia-0392372385-830x0

Роан Аткинсон има богата актерска кариера, а можеби најпрепознатлива улога му е кога го играше Мистер Бин. Овој лик му донесе светска слава на британскиот актер, со што стана еден од најпрепознатливите комичари на планетата.

Самиот Роан Аткинсон признава дека уживал играјќи го Мистер Бин. Сепак, тој нема добро мислење за самиот лик како личност.

“Веројатно најмногу уживав играјќи го Мистер Бин, бидејќи тоа е ликот кој отиде најдалеку од сите мои ликови. Како личност, воопшто не ми се допаѓа. Мислам дека е многу чуден и не е добар”, рекол Роан Аткинсон во интервју.