Во интервју за „ET Canada“ објавено вчера, 79-годишниот актер отворено говорел за родителството додека го најавувал својот нов филм, а кога новинарката истакна дека знае дека Де Ниро има шест деца, актерот ја поправи: „Седум, всушност “.
– Само што добив бебе – изјави Де Ниро за време на интервјуто.
Медиумскиот претставник на Де Ниро подоцна го потврди написот на канадските медиуми дека актерот станал татко по седми пат, но не се знае која е мајката на новороденчето.
Де Ниро и неговата прва сопруга, американската актерка Дајен Ебот, со која беше во брак до 1988 година, ги имаат ќерката Дрина (51) и синот Рафаел (46).
Тој во 1995 година ги доби близнаците, 27-годишните Џулијана и Арон, со неговата тогашна девојка, моделот Туки Смит.
Де Ниро има и син Елиот (25) и ќерка Хелен Грејс (11) со поранешната сопруга Грејс Хајтоуер.