Роберт Патисон се враќа како Бетмен: „DC“ го објави датумот на премиерата на „The Batman Part II“

popara1 февруари, 20231min00
betmen-1-830x0

„Бетмен“ минатата година ги воодушеви критичарите и заработи 770 милиони долари на светските благајни

Роберт Патисон дефинитивно се враќа како Бетмен, а „Warner Bros.“ објави дека „The Batman Part II“ на Мет Ривс ќе има премиера на 3-ти октомври 2025 година. Дополнителни информации, вклучително и синопсисот, засега се чуваат во тајност.

Шефовите на студиото Џејмс Ган и Питер Сафран оваа недела објавија дека ќе развијат цел нов „DC Universe“, кој го вклучува „Superman: Legacy“ (филм исто така треба да се прикаже премиерно во 2025 година), но „The Batman Part II“ на Ривс ќе остане самостоен ќе спаѓа во ново брендираната категорија „DC Elseworlds“. Ган објави дека секој филм или телевизиска серија на „DC“, поставен надвор од главниот универзум на „DC“, ќе биде означен како „DC Elseworlds“.

Покрај новиот филм „Бетмен“, во категоријата ќе се најде и „Joker: Folie à Deux“ од Тод Филипс, со Хоакин Феникс и Лејди Гага (пристигнува во кината на 4-ти октомври 2024 година), актуелната анимирана серија „Teen Titans Go!“ и посебен филм за Супермен во продукција на Џ. Ј. Абрамс.

Патисон и Ривс ќе продолжат да ја истражуваат нивната верзија на Бетмен во „DC Elseworlds“, додека Ган и Сафран ќе бараат нов актер кој ќе го игра овој суперхерој во универзумот на „DC“.

Дуото потврди дека нивниот универзум на „DC“ ќе вклучува филм за Бетмен и Робин, базиран на „The Brave and the Bold“. Покрај „The Batman Part II“, Ривс се подготвува и за снимање на спиноф серија чиј центар е ликот на Колин Фарел, Пингвинот.

Ривс претходно овој месец изјави дека се среќава со Ган за да се увери дека неговиот „BatVerse“ и поголемиот универзум на DC „ќе се поддржуваат еден со друг“ и дека содржините нема да се поткопуваат едни со други.

„Бетмен“ минатата година ги воодушеви критичарите и заработи 770 милиони долари на светските благајни. Филмот сега се емитува на „HBO Max“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma