Роденденска прослава: Ријана го истакна трудничкиот стомак во секси славеничко издание

popara23 февруари, 20231min00
o_28061773_1280

Овој февруари секако ќе остане во посебно сеќавање на карипската пејачка Ријана. По петгодишна пауза, таа епски се врати на сцената со спектакуларен настап на Супер Боул, откривајќи и на јавноста дека повторно е бремена. Два дена подоцна таа се појави на насловната страница на британскиот Vogue со нејзиниот партнер АСАП Роки и нивниот деветмесечен син, а потоа дојде време за роденденска забава.

image

image

Пејачката на 20 февруари наполни 35 години, а славеше во омилениот италијански ресторан „Giorgio Baldi“ во Санта Моника. Просторот беше украсен со многу шарени балони од хелиум, а роденденската девојка го привлече вниманието со својот стајлинг. Таа прошета во светкав црн предимензиониран капут со крокодилски принт и го истакна својот заоблен труднички стомак во тесен бел краток фустан.

image

Комбинацијата ја комплетираше со винтиџ крзнена чанта од Том Форд за Гучи и пар сребрени сандали Louboutin. Ријана беше придружувана од нејзиниот избраник Роки, како и нејзината најдобра пријателка Мелиса Форд. Прославата не траеше долго, а по нешто повеќе од два часа познатите родители побрзаа дома.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma