Начинот на кој тие ги пренесуваат информациите можеби не е секогаш најсоодветен, но бидете сигурни дека нема да ве лажат по ниедна цена
Колку ви е важна искреноста во животот? Ако е високо на вашата вредносна скала, треба да имате луѓе во вашата непосредна околина родени во овие три знаци на Зодијакот – Овен, Девица и Стрелец.
Како што пишува „NYpost“, луѓето родени во овие хороскопски знаци никогаш нема да ве лажат.
- Овен
Родените во овој огнен знак се импулсивни и затоа не се склони да „мерат три пати пред да сечат“. Кај нив секогаш е „што е на ум, то на друм“.
Можеби не секогаш ви се допаѓа начинот на кој Овенот ја соопштува вистината, но бидете сигурни дека никогаш нема да ве лаже.
- Девица
Меркур е планета на комуникација, рационалност и анализа и владејачка планета на луѓето родени во овој земјен знак. Секој што има Девица во своја близина знае дека е строга, аналитична, критична, можеби и малку напорна, но пред се е добронамерна.
Девицата секогаш ќе ви каже што мисли без да го извртува и да го „шминка“. На вас останува да размислите што ви кажала и, се разбира, да го послушате нејзиниот совет – во спротивно, ризикувате да ве игнорира во иднина.
- Стрелец
Луѓето родени под овој огнен знак чувствуваат некаква должност да ја кажат вистината. Стрелецот е поврзан со деветтата куќа на патувањето, учењето, експанзијата и јавноста. Според тоа, Стрелците се добри говорници и тие ја гледаат вистината како храм во кој треба да се влезе со длабока почит и посветеност.
Како Овенот и Девицата, така и Стрелецот секогаш јасно и гласно ќе ви каже што мисли, а на вас е да одлучите како ќе реагирате на тоа што ќе ви го каже.