Секој го сака својот датум на раѓање и се гордее со бројот на кој се родени.
А знаете ли што значи таа бројка? Дали знаете дека секој број има свои карактеристики и дека можеби тие карактеристики одговараат на вас кои сте родени на тој број или датум?
За почеток, да одиме по ред. Што го карактеризира оној кој е роден на број еден, односно првиот во месецот?
Таа личност е лидер, а не следбеник, иницијатор на нови идеи. Таа е самоуверена и ја слуша својата интуиција и цврсто верува во неа, а одлична е и во решавањето на проблемите. Слободно може да се каже дека ужива да ризикува и не сака кога сè е сигурно и решено.
Родените на овој датум се многу дружељубиви и уживаат во добрите работи во животот. Тие се амбициозни и имаат тенденција да бидат стабилни, дури и кога се во прашање емотивните врски.
Дали сте родени на ваков ден и дали ги наоѓате вашите карактеристики?