Ролат со јагоди: Засладете ги празниците со совршен освежителен десерт

popara9 април, 20231min00
shutterstock658996441-830x0

Овошен и освежителен!

Пролетта е вистинско време за уживање во кремасти и овошни деликатеси. Бидејќи сме во празнична сезона, сигурни сме дека ви требаат повеќе идеи за слатки за семејството, пријателите и гостите. Овој рецепт е совршен избор поради неговата лесна подготовка и совршениот вкус.

Состојки:

6 јајца

6 лажици брашно

6 лажици шеќер

3 лажици масло

300 мл слатка павлака

2 лажици шеќер во прав

300 гр јагоди

1 кесичка шлаг

100 мл млеко

Уште 100 гр јагоди за декорација

Подготовка:

Најпрво изматете ги јајцата со шеќерот додека не добиете пена. Во неа ги додавате маслото и брашното за да се соедини се, а важно е масата да остане воздушна. Истурете ја смесата во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете на 180 степени околу 15 минути.

Кога ќе завршите со печењето, префрлете го пандишпанот на влажна кујнска крпа, завиткајте го во ролат и оставете да се излади. Потоа ќе ги изматите павлаката и шеќерот. Исто така, ситно исечкајте 300 грама јагоди, па соединете ги со павлаката и шеќерот.

Пандишпанот кој до сега се изладил намачкајте го со овој фил, па повторно свиткајте во ролат. На крајот останува шлагот што го матите со млекото, за декорација, ако така ви се допаѓа. И додадете јагоди за сладок финиш.

Ролатот потоа оди во фрижидер малку да се излади и наскоро ќе биде подготвен за послужување.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma