Кралицата на попот често ги збунува обожавателите со своето необично и, може да се каже, непримерно однесување.
Последните фотографии на поп ѕвездата Мадона предизвикаа огромен број негативни коментари на социјалните мрежи.
На сликите таа позира како Богородица а потоа следните фотографии се како Тајната вечера каде позира како Исус Христос, додека до неа има гола девојка.
Сликите, направени од фотографите Луиџи и Јанго, ја истакнуваат пејачката како расплакана Дева Марија, заедно со меч, срце прободено низ надворешниот дел на нејзините гради.
„Во ова специјално издание, Мадона повторно станува Мадона: икона. Не само отелотворение на музичкиот тренд или стил на облекување, туку фигура подеднакво вознемирувачка колку и света.“
Во написот што ги придружува фотографиите, Мадона зборува за феминизмот, сексуалноста, верата и различноста, нејзиното враќање на сцената и плановите за нејзиниот долгоочекуван биографски филм.
Ова е добар момент за мене: собирам идеи, се инспирирам, се дружам со креативни луѓе, гледам филмови, гледам уметност, слушам музика – истакна таа.
Сепак, многумина не се согласуваат со неа дека ова е уметност туку навреда на религијата.
На Твитер веќе почнаа да ја прозиваат и да ѝ велат дека ќе оди директно во „пеколот“ и дека е вистинска вештерка која не гледа колку е злобна.
Многумина се согласија дека таа очајно бара внимание и не се грижи како и на кој начин ќе го добие.