Сакате ГУСТА КОСА како од рекламите? Сите знаеме дека ЈАЈЦАТА ДАВААТ СИЛА, но дали знаете која друга храна ГИ ЗАЈАКНУВА фоликулите на косата и им дава СЈАЈ?

popara13 ноември, 20231min00
shutterstock_1089941462_0

Мандарините, лососот и спанаќот се некои од најдобрите продукти кога станува збор за здравјето на вашата коса.

 

 

 

 

Продуктите за коса, како шампони, маски и регенератори, имаат големо влијание врз нејзината состојба, но исто, ако не и поважен, е вашиот начин на исхрана.

 

Хранливите состојки што ги внесувате имаат влијание врз секој дел од телото, вклучувајќи ја и вашата коса. Па, ако сакате да ја подобрите нејзината состојба, мора да обрнете внимание на храната што ја консумирате.

 

Најважните хранливи состојки за вашата коса

Постојат неколку хранливи состојки кои се клучни за здравјето и добрата состојба на вашата коса, па добро би било да ги внесувате почесто.

 

Биотин – го стимулира производство на кератин во косата, може да го забрза нејзиниот раст и да ја направи посилна.

 

Витамин Д – има важна улога во создавањето нови фоликули на главата, со тоа правејќи ја косата погуста.

 

Витамин Е – добар е и за скалпот, и за косата, а има и антиоксидантни својства и го намалува ризикот од паѓање на косата.

 

Железо – ја поттикнува циркулацијата и го „носи“ кислородот до корените на косата, поради што таа расте побрзо.

 

Витамин Ц – ја подобрува апсорпцијата на железо во организмот.

 

Омега 3 масни киселини – ја поттикнува циркулацијата во скалпот, го намалува ризикот од паѓање на косата и содржи важни хранливи состојки за фоликулите.

 

Најдобрите прехранбени продукти за вашата коса:

Овие продукти ги содржат најважните хранливи состојки за косата, но и други состојки кои исто така имаат позитивно влијание.

 

Мандарини

Мандарините, но и другите цитрусни овошја се богати со витамин Ц кој помага во апсорпцијата на железото.

 

Лосос

Оваа риба е богата со омега 3 масни киселини кои се добри не само за вашата коса, туку за целото тело.

 

Спанаќ

Спанаќот изобилува со железо и магнезиум – состојки што го поттикнуваат растот на косата и го спречуваат нејзиното паѓање.

 

Јајца

Јајцата имаат витамин Е кој има антиоксидантни својства, како и витамин А и каротеноиди со слични својства.

 

Јајцата се богати и со биотин кој ѝ годи не само на косата, туку и на ноктите.

 

Грчки јогурт

Грчкиот јогурт е богат со протеини кои ја зајакнуваат косата. Содржи и витамин Б кој прави косата, но и кожата, да изгледаат подобро.

 

Овесни снегулки

Овесот е како суперхрана за вашата коса – содржи железо, хранливи влакна, омега 3 масни киселини, цинк и други состојки кои го поттикнуваат растот на косата и ја прават посилна и поздрава.

 

Мешунки

Леќата, гравот и грашокот содржат многу фолна киселина која е важна за здрав развој на клетките во косата, но и кожата и ноктите.

 

Боровинки

Боровинките се богати со антиоксиданти кои се одлични за косата и скалпот.

 

Ореви

Овие јаткасти плодови изобилуваат со здрави масни киселини кои го поттикнуваат растот на косата.

 

Моркови

Морковите се главен извор на бета-каротен – состојка којашто се претвора во витамин А во телото.

 

Морковите се одлични ако имате многу сува коса.

 

Киви

Ова овошје е полно со витамин Ц чии придобивки веќе ги спомнавме.

 

Црвени пиперки

Уште еден одличен извор на витамин Ц. Пиперките содржат и многу антиоксиданти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma