САКАТЕ ДА ДРЕМНЕТЕ ПОПЛАДНЕ? Дознајте дали тоа е добро за вашето здравје

popara20 јуни, 20231min00
718336_shutterstock-54869809_f

Ако сте од оние луѓе кои сакаат да дремнат попладне, не грижете се, бидејќи тоа е добро за вашиот мозок, тврдат научниците.

Да се ​​најде време за малку сон во текот на денот е добро за мозокот и му помага да остане поголем подолго време, пишува Би-Би-Си, повикувајќи се на научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Тие спровеле истражување и откриле дека мозокот на луѓето кои спијат во текот на денот е поголем за 15 кубни сантиметри. Тоа значи дека процесот на стареење е одложен за три до шест години! Ова е важно да се знае бидејќи мозокот природно се намалува со годините.

Научниците препорачуваат дневниот сон да биде пократок од половина час.

„Потенцијално, секој би можел да доживее некаква корист од дремењето“, вели д-р Викторија Гарфилд. Таа ги опиша откритијата направени од научниците како „прилично нови и возбудливи“.

Дневниот сон, кој е важен за бебињата и малите деца, со текот на годините станува се поредок. На возрасните им е тешко да дремнат во работните денови. Тие се враќаат на дневниот сон кога ќе се пензионираат. Дваесет и седум проценти од луѓето постари од 65 години се релаксираат со дремка во текот на денот.

Д-р Гарфилд вели дека советите за корисни кратки дневни дремки се многу полесни за спроведување отколку советите за слабеење или вежбање.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag