Сакате да и се вратите на поранешната љубов? Прво одговорете на овие важни прашања

popara21 август, 20231min00
708946_ljubav_m

Прашањата како зошто да се вратам на старата врска во моментов и што се сменило, ќе ви дадат одговор дали воопшто треба да го правите тоа.

Понекогаш, по раскинувањето, луѓето почнуваат да размислуваат да и дадат уште една шанса на нивната врска.

Причината за тоа обично е некаква надеж дека овој пат работите ќе бидат поинакви и подобри.

Исто како што на почетокот на врската чувствувате пеперутки и имате таканаречени „розови очила“, а мислата за помирување може да биде „опојна“ и да ја камуфлира вистинската состојба на работите.

Доколку размислувате да ја обновите врската, психотерапевтите советуваат прво искрено да одговорите на овие прашања:

  1. Дали е ова нешто што навистина го сакам или се обидувам да ги олеснам чувствата што ги имам поради тоа што сум сингл?
  2. Дали повторно ќе треба да ги занемарам сопствените потреби во обидот ова да успее?
  3. Зошто сега? Што се сменило? За мене? А за него/неа? Ако ништо не се сменило, зошто мислам дека овој пат ќе биде поинаку?
  4. Како реагира моето тело на помислата дека оваа личност се враќа во мојот живот?

– Уште еден обид, уште една шанса е прекрасна работа – тоа значи дека уште има љубов. Сепак, дали тоа значи дека на сите и на се треба да му се даде втора шанса?

Верувајте во љубов и втори шанси. Верувајте во „ајде да се обидеме повторно“, но верувајте и дека ништо нема да се промени во врската, доколку не се промени она што го предизвикало раскинувањето.

Не победуваме во животот, само затоа што сакаме да победиме. Победуваме кога знаеме да се бориме за она што го сакаме. Така е и во љубовта – велат психотерапевтите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma