Сакате добар сон? Експертите велат да спиете ГОЛИ

popara15 декември, 20231min00
Screenshot_4

Спиењето голи најчесто се поврзува со топлото време. Но, позитивните придобивки кои ги носи со себе се значително големи, па ќе размислите да го практикувате во секој период од годината.

 

 

 

 

Ова се само неколку добри причини да започнете да спиете покриени само со чаршаф или ќебе:

 

Го олеснува ритуалот за спиење

Колку пати ви се случило слатко да зaдремете, а потоа додека се преместите и најважно – пресоблечете веќе дремката ви поминала?

 

Освен тоа што не мора да се грижите за пресоблекување и веднаш се вовлекувате во креветот, не мора повеќе да се грижите за купување пижами. Воедно, имате помалку облека за перење и одржување. Единствено имајте на ум дека треба да ја менувате постелнината почесто.

 

Ве прави поактивни

Некои луѓе дури и откако ќе станат успеваат да го преседат целиот ден дома во пижами. Иако ова задоволство е на некој начин „потаен грев“ на многумина, сепак води до постатичен седечки живот главно врзан за креветот во дневната соба. Кога имате нормална облека на себе излегувате почести и поактивни сте.

 

Ве прави посреќни и послободни

Слободни од пижамите, ноќниците и долната облека. Заборавете на градниците и боксерките и замислете како лежите голи помеѓу два чаршафи. Самата помисла носи насмевка и ве тера да се чувствувате слободно. А тоа чувство, мора да признаеме, е прилично добро.

 

Контактот кожа-на-кожа е незаменлив

Доколку го делите креветот со партнер/ка, спиењето сосема голи нуди контакт кожа-на-кожа што го прави гушкањето многу поубав момент. Ова неминовно води и до поактивен и повозбудлив сексуален живот.

 

Ќе ослободувате повеќе окситоцин, што автоматски значи дека ќе чувствувате многу подобри и попријатни мисли за партнерот.

 

Води до подобар сон

Не се заплеткувате со облеката за спиење помеѓу покривачите. Не се потите дополнително. Всушност, ништо не ви го одвлекува вниманието и не ви го нарушува сонот. Сето ова води кон подобро, подлабоко и поквалитетно спиење.

 

Ја прави кожата поубава

Телото едноставно дише. Пазувите, стапалата, интимните делови во текот на денот се покриено со неколку слоја облека, а сега конечно имаат можност да дојдат во допир со воздух и полесно да дишат. Ова  го намалува ризикот за појава на одредени кожни болести.

 

Го регулира нивото на кортизол

Спиењето голи ви помага полесно да ја регулирате телесната температура во оптимални граници, а телото на тој начин полесно произведува кортизол. Доколку телото ви е презагреано додека спиете, нивото на кортизол е превисоко, дури и откако ќе се разбудите.

 

Ова води до зголемена нервоза, желба за нездрава храна, зголемување на телесната тежина. Кога спиете голи телесната температура се движи во оптималните граници, а телото полесно создава и го регулира нивото на кортизол.

 

Го балансира нивото на мелатонин

Обидете се температурата во собата каде што спиете да изнесува оптимални 21°С.

 

На тој начин телото го регулира мелатонинот и хормонот одговорен за раст. Овие хормони се особено важни за забавување на процесот на стареење и генералната здравствена состојба.

 

Кога спиете облечени телото дополнително се загрева и го спречува ефектот од овие хормони. Кажано поедноставно, спиењето во облека наместо голи прави побрзо да стареете.

 

Ги штити интимните делови

Спиењето голи кај мажите им овозможува на тестисите да одржуваат пониска температура, што е особено важно за репродуктивното здравје, бидејќи на тој начин се создаваат повеќе и поздрави сперматозоиди и се избегнува проблемот со „проширени вени“.

 

Кај жените спиењето голи спречува голем број на габични инфекции, бидејќи тие се размножуваат на топло и влажно. Кога температурата е пониска и посува, нивниот развој е оневозможен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma