САКАТЕ ШИШКИ, НО НЕ ЗНАЕТЕ КАКО БИ СТОЕЛЕ? Не мора да ја шишате косата – направете лажни за кратко време! (ВИДЕО)

popara18 јануари, 20231min00
655496_siske_f

Наместо да исшишате шишки и потенцијално да се покаете, само врзете ја косата на одреден начин и ќе создадете лажна верзија

Во новата година многу девојки одлучуваат да го променат својот изглед, а најчесто, секако, почнуваат со косата.

Доколку сакате драстична промена, нема сомнеж дека шишките ќе ви го овозможат токму тоа. Сепак, треба да имате на ум дека ако се потстрижете и не ви се допаѓа како изгледа, ќе мора да почекате неколку месеци за да ви порасне косата.

Сепак, постои начин да знаете дали сте спремни за ваква промена – направете лажни шишки.

Една девојка покажа како да го направите тоа:

Половина од косата соберете ја во реп, а од долниот дел сплетете плетенка, ставете ја преку глава, провлечете ја низ косата и испеглајте ја малку со преса и готово.

Знаеме дека овојпат сликите се подобри од зборовите, па затоа ве советуваме да го погледнете видеото ОВДЕ.

Дали би пробале нешто вакво?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma