Во лето не можеме да замислиме да јадеме ништо друго освен салата, а овие оброци стануваат се попопуларни. Едно јадење содржи намирници кои ќе ве заситат, а нивната комбинација е секогаш одлична. Денеска ви предлагаме да ја пробате оваа салата со ореви, калинка и фета сирење која ќе ве воодушеви уште од првиот залак. Необичната комбинација на намирници е хит за топлите летни денови.
Состојки:
1/2 чаша ореви
1/4 чаша шеќер
1 кесичка бебе спанаќ
малку зелена салата
1 калинка
1/4 виолетов кромид
230 гр фета сирење
За дресинг:
1 лажичка Дижон сенф
3 лажици црвен оцет
3 супени лажици маслиново масло
1 лажица мед
1 лимон
Подготовка:
Во сад измешајте измиен бебешки спанаќ, зелена салата, сечканиот виолетов кромид, сечканите ореви и распарченото фета сирење. Во друг сад направете го преливот мешајќи сенф, оцет, маслиново масло, мед, сок и рендана кора од лимон. Се убаво измешајте и прелијте ја со салатата. Добро измешајте и посипете со исчистена калинка.