Ким Катрал (67) се појави во сензационално издание на наградите на списанието Harper’s Bazaar за жени кои ја одбележаа оваа година. Атрактивната актерка,која и во седмата деценија може да се пофали со хармонична фигура,ги маѓепса сите во екстравагантна креација од златна сјајна ткаенина со драматично истакнати раменици и големи украсни копчиња.
Мини фустанот кој ги истакна нејзините витки нозе,го искомбинира со лакирани мокасини,плик чанта и обетки.Косата и беше стилизирана во лежерни бранови и гламурозна шминка кои одлично се вклопуваат во ова нејзино модно издание.
Познатата русокоса на овој настан беше придружувана од нејзиниот долгогодишен партнер Расел Томас (53),аудио инженер на BBC,во елегантен црн костум со бела кошула и црна машна.