Одличен трик за отстранување на тврдоглави дамки од изгорените садови за кој веројатно не сте знаеле.
Доколку имате стар сад кој има загорени дамки, или можеби сте уништиле нов, не грижете се, имаме одлично решение. Користете 2 намирници за да ги исчистите дури и најтврдокорните дамки од дното на тавата или тенџерето.
Се што треба да имате е компир и сол, а тоа веќе секоја домаќинка го има во домот. Исечете ги компирите на половина, потопете ги во сол и истријте го дното.
Во зависност од тоа колку вашиот сад изгорел, ќе треба исто толку време да се исчисти. Доколку има тврдоглави дамки на садовите, тогаш неколку пати потопете ги компирите во сол.
Но, не се откажувајте бидејќи резултатите ќе ве маѓепсаат. Исто така, ако сте направиле компири за ручек, но не сте ја фрлиле кората, можете и да ја искористите.
Поминете со крпа над садот и ќе видите дека ќе се исчисти. Можете исто така да го измиете со вода и потоа да го исушите.