Рибата не е комплицирана за подготовка и не одзема многу време, но сепак постојат трикови кои можат да ја направат уште подобра. Колку и да е мрсна, луѓето најмногу сакаат пржена риба, а еве како да ја направите совршено крцкава и да не впие многу масло.
Тоа е состојка која ќе ја користите за замена на брашното, а која повеќето ја имаат во кујната – згуснувач.
Густинот или пченкарниот скроб ќе создадат заштитна обвивка околу рибата, ќе биде крцкава и нема да може да впие премногу масло и да биде мрсна. Овој трик можете да го искористите за пржење на секаков вид месо.
Состојки:
800 гр филе од риба
200 гр густина
1 лажичка лук во прав
Подготовка:
Во сад измешајте ги густинот, солта, биберот, лукот, слатката пиперка и уште еден зачин по желба. Извалкајте ја рибата и пропржете ја на добро загреано масло. Важно е да има поголема количина на масло за да „плива“ рибата во него.