Доколку имате малку повеќе „гордост“ и меѓу чаршафите се обидувате да ја пронајдете техниката што најмногу ви одговара, тогаш пробајте ги овие три пози кои гарантираат чувство на задоволство.
Пенисите ги има во секакви облици и големини, а наоѓањето удобна секс поза врз основа на вашите мерки не е секогаш лесно. Одредени техники функционираат подобро кај мажите со помал пенис, а тоа е случај и со мажите кои имаат повеќе „гордост“.
Значи, ако се обидувате да ја пронајдете техниката што најмногу ви одговара, сте дошле на вистинското место.
Ова се три пози кои можете да ги испробате уште вечерва, а особено се добри за оние кои се малку понадарени…
- Обратна каубојка
Ако е многу обдарен, можеби ќе сакате да избегнете премногу длабока пенетрација, поради што обратната каубојка е совршена. Започнете со тоа што партнерот ќе легне на грб, а жената ќе го јавне, свртена накај неговите ножни прсти.
Потоа треба да се спушти за да легне на неговите гради. Потоа мажот може да преземе акција.
- Змија
За да ја совладате оваа сексуална поза, предложете и на партнерката да легне на стомак, а потоа вие да легнете врз неа. За време на пенетрацијата, таа може да ги завитка рацете околу вас за да ги контролира вашите движења. Може дури и да го подигне или спушти задникот за истиот ефект.
- „Крупен план“
Оваа поза е погодна за оние кои сакаат да ја задржат блискоста и интимноста. Започнете со седење со нозете свиткани напред. Потоа нека вашиот партнер седне на ист начин свртен кон вас, а нозете треба да бидат испреплетени. На овој начин таа може да го контролира ритамот и длабочината.