Во џунглата се крие една змија, а вие треба да ја најдете за само 11 секунди
Ајде да ги тестираме вашите способности за перцепција. Во зелената џунгла полна со лисја се крие една змија, а треба да ја пронајдете за само 11 секунди.
Оваа прилично тешко загатка ја подготви унгарскиот уметник Џерџели Дудаш, попознат како Дудолф.
Криенката е многу предизвикувачка бидејќи змијата е добро камуфлирана меѓу лисја и дрвја, а отежнувачка околност е тоа што има зелена боја.
Добро погледнете ја сликата, може да биде било каде.
Нека не ве лаже главата од папагал што излегува од листовите. Ваша задача е да ја пронајдете змијата.
Ако не можете да ја најдете, еве мала помош – змијата се крие во долниот дел од сликата во близина на левото стебло.
Ако ниту нашето мало упатство не ви помогна, погледнете го решението подолу.