Дали некогаш сте се почувствувале како да чистите залудно, бидејќи колку и да чистите, домот повторно е валкан?
Доколку не гледате разлика по чистењето, веројатно правите некои од грешките кои многумина ги повторуваат постојано.
Некогаш не е доволно само да избришете прашина со крпа, а притоа да не забележувате дека истата не е воопшто чиста.
Време е да престанете да ги правите следните грешки за домот да ви заблеска:
Ја користите истата крпа за бришење прашина во цел дом
Независно дали на крпата нанесувате средство за чистење, доколку со истата го бришете цел дом, тогаш прашината од една површина се префрла на друга, што значи дека бактериите од една просторија се префрлаат во секоја друга каде ја користите истата крпа.
Користите прашко
Колку и да изгледа лесно и практично чистењето, прашкото може само да ја распространи прашината насекаде или да ја турне од едно место да падне надоле, а не може да ја отстрани.
Не ја чистите правосмукалката
Кога подолго време ја немате исчистено целосно правосмукалката, независно каква е, не само што нема да може да соберете доволно прашина, туку прашината и ќе биде оддувана во воздухот и на подот наместо да биде собрана.
Ставање на секаков кујнски прибор во машина за садови
Помалите кујнски алатки, како преса за лук, ренде и слични додатоци со мали дупчиња, не може да бидат совршено измиени во машина и во нив остануваат остатоци од храна кои може да мувлосаат, а вие ги користите за друга храна.
Го прескокнувате чистењето на лавабото
Во лавабото многу често се собираат и множат бактерии заради влажната средина каде постојано се заглавуваат остатоци од храна, па затоа не треба да го прескокнувате темелното чистење на овој дел во кујната со сода бикарбона или посебни средства.
Чистите прво под па сè останато
Кога прво ќе го исчистите подот, а потоа бришете прашина од масата и останатите висечки површини, како и мебелот, прашината и ѓубрето повторно паѓаат на земја, па залудно сте изгубиле време, а домот повторно не е целосно чист.
Почнете со прозорците, па со масите, столиците, гарнитурата, дополнителните елементи и на крај подот.