Само 2 ПОЗИ за спиење се исправни доколку сакате здрав грб и прав рбет

popara11 август, 20231min00
676 (1)

Повеќе од 10 години, Џејмс Лајнхард работел со пациенти кои сакале да го подобрат својот сон и квалитетот на животот. Тој сфатил дека повеќето спијат во пози кои негативно влијаат на здравјето на грбот и ‘рбетот.

Како експерт за држење на телото, тој на својот „TikTok“ истакна дека постојат само две пози за спиење што ги препорачува, а ниту една од нив не вклучува спиење на стомак.

Првата поза што ја препорачува е војнички, т.е. лежејќи рамно на грбот.

„Ако спиете на грб, вашиот ‘рбет е поддржан од душекот и имате најрамномерна распределба на телесната тежина. Ако ставите перница под колената, ќе забележите дека малку ја навалувате карлицата и поголем дел од грбот ќе го допре креветот. „Тоа е уште подобро“, вели тој.

Втората поза која е добра е полуфеталната странична положба со перница помеѓу колената и глуждовите за дополнителна поддршка.

„Клиничките докази покажуваат дека оптоварувањето на ‘рбетот е најмало во страничната положба“, истакна тој.

Видеото привлече повеќе од 2 милиони прегледи откако беше објавено, а многу други експерти се согласуваат дека спиењето на грб и на страна се најздравите позиции.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma