Истражувањата покажаа дека секојдневната, дури и краткотрајната, умерена физичка активност има повеќекратни здравствени придобивки.
Умерената физичка активност вклучува пешачење,лесни вежби, трчање но и извршување на домашни работи.Доколку се прави по 22 минути дневно,навистина може да ги ублажи негативните последици кои долгото седење ги има врз здравјето.Истражувањето покажало и дека ризикот од прерана смрт е поголем кај луѓето кои подолго седат пред телевизор или во канцеларија.Истовремено,утврдено е дека умерената физичка активност го елиминира тој ризик.
Примери за умерена активност се многу брзо одење (6,5 km/h или побрзо), енергично чистење како миење прозорци, возење велосипед со брзина од 16-19 km/h или играње бадминтон. Интензивната активност вклучува и планинарење, трчање со брзина од 9,5 km/h или поголема, работа во градината со лопата, брзо возење велосипед, играње фудбал, кошарка или тенис.
Во новата студија,објавена на интернет во Британскиот весник за спортска медицина,експертите ги анализираа податоците собрани од 11.989 луѓе од Норвешка,Шведска и САД на возраст над 50 години,од кои половината беа жени.
Истражувањата покажаа дека умерената физичка активност од 22 минути секој ден ги неутрализира негативните последици од неактивниот начин на живот и го елиминира ризикот од прерана смрт поради долгорочно седење.
Авторот на истражувањето Едвард Сагелв од норвешкиот арктички универзитет изјави дека научниците преку студијата откриле дека поголем ризик од прерана смрт е забележан само кај таа група луѓе кои седат повеќе од 12 часа на ден.
Ова се однесува на секаков вид на седење,од седење на канцелариско биро до долго гледање телевизија.
– Студијата покажа дека секоја минута умерена до интензивна физичка активност го намалува ризикот од прерана смрт.Ова значи дека овој ризик бил помал и кај испитаниците кои вежбале помалку од 22 минути дневно,на пример 10 минути.Така,ако вежбате 22 или повеќе минути дневно,го неутрализирате времето што сте го поминале долго седејќи.Секако,колку повеќе вежбате,толку подобро и покорисно е за вашето здравје – изјави Сагелв.
Тој наведе и едноставни мерки кои можат да ви помогнат да поминувате помалку време во седење.
– Станувањето и одвојувањето од компјутерот во редовни интервали,одењето на прошетка или паузата за подготовка на здрав оброк се начини да бидете активни во текот на денот.Ваквите едноставни активности можат да ви помогнат да ја регулирате тежината,да го намалите крвниот притисок и да го подобрите менталното здравје – изјави Сагелв.