Само 3 состојки: Рецепт за превкусен мус од јагоди готов за 15 минути!

popara7 мај, 20231min00
62539341-mousse-od-jagoda

Мус е кремаст и лесен десерт кој може да се подготви од разни солени и слатки јадења. Ве предизвикуваме да ја искористите сезоната на јагоди и да направите вкусен мус од овие фини плодови од семејството на рози.

За овој рецепт потребни ви се само три состојки и добар блендер, миксер или сецко.

Состојки:

450 грама свежи јагоди
300 мл слатка павлака за шлаг
2 лажици шеќер, мед или јаворов сируп

Подготовка:

Добро измијте ги јагодите и извадете ги стеблата. Исечете ги на помали парчиња.
Јагодите ставете ги во поквалитетен блендер или сецко заедно со шеќерот и пулсирајте додека не добиете изедначена смеса. Ќе ви бидат потребни две до три минути.
Изматете го кремот со миксер, па во него нежно измешајте го пирето од јагоди.
Добиената смеса поделете ја во помали тегли и ставете ја во фрижидер најмалку половина час пред да ја консумирате.
Послужете со парчиња свежи јагоди. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma