Откако пред неколку дена беше објавена информацијата дека серијата „And Just Like That…“ ќе се врати со нова, трета сезона, интернетот се наполни со негативни коментари. Иако самата серија и нејзиниот заплет беа предмет на критики, најголем удар го доживеа ликот на Че Дијаз, кој беше особено слабо примен од публиката. Сега небинарната актерка Сара Рамирез (која ги користи заменките they/them), која го портретира овој исто така небинарен лик, одговори на Инстаграм.
И не беа само гледачите кои ги броеа недостатоците на овој лик – критичарите исто така имаа многу да кажат. Така, во текот на првата сезона, The Daily Beast and Vulture го нарекоа ликот на Че Дијаз „несомнено најлошиот на телевизија“ и „спој од особини што служат за еден куп заплети“. Сето тоа не ѝ одговарало на Сара, која и во приватниот живот се идентификува како небинарна личност, но, како што тогаш се пишуваше, „не се препознава во улогата на Че“. Иако писателите можеа да направат нешто околу тоа, промената не се случи со овој лик, па сега, на прагот на третата сезона, гледачите бараат овој лик целосно да биде отстранет од приказната.
View this post on Instagram
Затоа и Сара се почувствува повикана да одговори на критичарите кои го поистоветуваат нејзиниот актерски талент и личност со овој лик. Таа објасни дека тоа нема никаква врска со развојот на ликот и дека за тоа се одговорни писателите на серијата. Смета дека на удар треба да бидат креаторите на тој лик.
„Актерите не се измислени од луѓето што ги глумат, ниту сме одговорни за работите што се напишани во сценариото. Јас сум човек, уметник, актерка“, рече Рамирез во објавата. „Живееме во свет кој стана премногу непријателски настроен кон секој што ќе се осмели да излезе од бинарниот род или да го наруши мејнстримот“, изјави таа.
Таа на крајот додаде: „Кога цисродовиот маж е на чело и има апсолутна контрола врз дијалогот што актерите ќе го кажат и имате проблем со тоа, можеби треба да го интервјуирате“, заклучи таа.
View this post on Instagram