Сара Џесика Паркер: Чевли во различни бои кои се вистински магнет за погледи

popara7 октомври, 20231min00
62646692-sarah-jessica-parker-na-gala-veceri-new-york-city-ballet

Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик беа меѓу многуте гости кои уживаа во есенската гала на Њујоршкиот балет во 2023 година. Паркер е еден од копретседавачите на гала настанот, кој се одржува во театарот Дејвид Х. Кох во Линколн центарот во Њујорк.

Гала настанот бараше свечени тоалети, а Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик беа модерно усогласени во црни комбинации. Метју носеше класичен смокинг костум со бела кошула и црна машна, а Сара го привлече вниманието во црн фустан со волуменозен долен дел кој потсетуваше на фустаните кои ги носеа балерините.Sarah Jessica Parker u cipelama različite boje na gala večeri New York City Ballet - 3

Фустанот има откриени раменици и ракави со должина од три четвртини и шлиц на средината на горниот дел. Долниот дел од фустанот е збогатен со големо количество тул, а свечениот стајлинг актерката го издигна со долга сатенска лента во косата која достигнува речиси до подот и светкава сребрена чанта.

Sarah Jessica Parker u cipelama različite boje na gala večeri New York City Ballet - 5

Посебно интересни беа чевлите на Сара, сатенски сандали во различни бои од нејзиниот сопствен бренд SJP од Сара Џесика Паркер. Станува збор за специјален модел на Dish со тоа што едниот чифт чевли доаѓаат во различни бои, па Сара носеше пар каде едната е црна, а другата светло виолетова.

Сандалите се со тенка висока потпетица и тркалезна метална тока украсена со светкави камења, а во колекцијата е и моделот Rogue Bis со квадратна тока.

Sarah Jessica Parker u cipelama različite boje na gala večeri New York City Ballet - 7

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag