Сајмон Кауел не можеше да ги сопре емоциите и пушти солза, се присети на учесничката која го освои светот

popara3 јуни, 20231min00
sajmon-kauel-830x0

Во натпреварот „America’s Got Talent“ бевме сведоци на уште еден емотивен момент. Младинскиот хор „Mzansi“ се претстави пред публиката и жирито изведувајќи ја песната „It’ Ok“, која своевремено ја отпеа поранешниот учесник на ова шоу, Nightbirde, кој за жал почина по тешко боледување.

По нивниот настап, Сајмон Кауел, член на жирито, не можеше да ги задржи емоциите и пушти солза.

„Ова е тешко, дајте ми момент. Знам колку тоа би ѝ значело. Таа беше страсна за споделување на нејзината музика до самиот крај. Нејзиниот настап го зафати целиот свет. Се враќате овде со фантастична почит. Вашата изведба навистина го одзема здивот“, рече Сајмон Кауел, додавајќи:

„Сакам да предложам нешто. Не сме го правеле ова порано, но секогаш сме разговарале да и дадеме нешто на публиката…“, рече Кауел.

Во публиката владееше голема возбуда, а жирито реши да го притисне златното копче, што значи дека младинскиот хор „Мзанси“ директно помина понатаму.

Погледнете го клипот:

Да се ​​потсетиме и на настапот на Nightbirdе, кога таа со својата емотивна приказна и изведба го освои целиот свет: