Светскиот ден на пуканките: Каде е нивното место во здравата исхрана?

popara20 јануари, 20231min00
kokice-1-830x0

Комбинациите како добар филм и одлични закуски се на сечија листа на вечерни задоволства, особено кога планирате да имате полна чинија пуканки.

Дали се тие здрав избор или мораме да се откажеме од оваа омилена вечерна ужина заради добрата исхрана?

Експертите велат дека пуканките генерално се многу здрави, во зависност од тоа како ги јадете.

– Дефинитивно мислам дека пуканките се здрава ужина! Не само што се една од оние намирници кои многу брзо не заситуваат, туку се лесни за правење и многу достапни. Прашање е само дали ги јадете со некои додатоци и дали ги подготвувате со повеќе или помалку масло, бидејќи во тој случај лесно можете да ги намалите нивните придобивки – вели нутриционистот Марјан Валш.

Сепак, пуканките нудат различни здравствени придобивки бидејќи се преполни со хранливи материи и антиоксиданси, а грицкањето на целото зрно може да ви помогне да го зголемите внесот на влакна. Ако пуканките се вашиот омилен избор, ќе бидете среќни кога ќе слушнете дека се поздрави од другите грицки кои содржат многу шеќер или сол.

Ова се некои од клучните придобивки на пуканки.

1. Цели зрна

Ова може да звучи чудно за некого, но кој уште само ги грицка белите делови околу зрното без да го јаде остатокот? Дефинитивно е добро да се јаде и тоа зрно, бидејќи токму тоа е основа на здравјето во оваа храна. Јадењето цели зрна е поврзано со помала инциденца на срцеви заболувања и дијабетес. Затоа, подгответе ги забите и препуштете се.

2. Внес на влакна

Според истражувањата, пуканките содржат повеќе влакна отколку лебот. Порција од три шолји пуканки содржи три до четири грама влакна, вели Волш. Се препорачува мажите да консумираат од 30 до 38 грама влакна дневно, додека на жените им се потребни 21 до 25 грама. Влакната помагаат во контролата на шеќерот и холестеролот во крвта, ја регулираат функцијата на цревата и помагаат во контролата на тежината.

3. Се чувствувате сити

Нутриционистите наведуваат дека пуканките изгледаат поголеми отколку што всушност се поради нивната форма. Оваа измама е причината зошто нашиот мозок ни вели: „Нема повеќе простор, доста!“. Така брзо се постигнува ситост, но и задоволство од тоа.

Една чаша обични пуканки подготвени без додавање путер, сол или други додатоци – содржи околу 30 калории. Што со едноставна пресметка би заклучило дека три шолји пуканки содржат помалку од 100 калории.

4. Мултивитаминска бомба

Содржат повеќе од 10 витамини и минерали како Б6, калциум, цинк, магнезиум и многу повеќе, што е доволна причина да ги направи опција дури и кога времето е ранливо на вируси.

Извадете ги вашите здрави закуски и уживајте во филмот, без чувство на вина!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma