Студијата на британските психолози покажала дека луѓето со изразена смисла за хумор живеат во просек до 10 години подолго. Бројни истражувања дошле до заклучок дека смеењето е најефективниот вентил со кој се ослободуваме од негативните чувства.
– Смеењето ги намалува хормоните на стресот и го зголемува протокот на крв, а со тоа го штити срцето и го зајакнува имунолошкиот систем. Во мозокот се ослободуваат ендорфини, а тие прават да се чувствуваме добро и позитивно и до еден час подоцна – објавија во „Women’s Health“.
Освен тоа, смеењето може да не подмлади и да не направи попривлечни во општеството. Додека се смееме, се активираат над 300 мускули во телото – покрај оние на лицето, се активираат и мускулите на грбот и стомакот.
Уште неколку интересни факти за смеењето:
-Децата во просек се насмевнуваат до 300 пати на ден, а возрасните само 17 пати.
-Жените им се насмевнуваат на мажите двојно повеќе отколку мажите на жените.
-Десет минути смеење дневно може да согори до 50 калории.
-Мажите всушност повеќе се смеат во машко друштво отколку во женско друштво.
-Врските во кои жената повеќе се смее од мажот имаат поголеми шанси за успех.