СВЕТСКИ СКАНДАЛ! Холивудскиот актер обвинет за грозоморно насилство врз асистентка, сѐ излезе во јавноста!

popara22 декември, 20231min00
Screenshot_2

Американскиот актер Вин Дизел е обвинет за сексуално вознемирување, а тужбата ја поднелa неговaта поранешна асистентка со која соработувал за време на снимањето на филмот Fast Five во 2010 година.

 

 

 

Адвокатот на Дизел изјави дека актерот ги отфрла сите обвиненија што ги повела неговата поранешна асистентка Аста Јонасон, меѓу кои и тврдењето дека ја притиснал кон ѕидот додека се самозадоволувал и ѝ ја ставил раката на неговиот полов орган.

 

Таа го обвини актерот и за незаконско раскинување на соработката. Наводно, била отпуштена од компанијата на Дизел неколку часа по сексуалното вознемирување.

 

Случајот е на суд во Лос Анџелес, а Јонасон во тужбата навела дека нападот се случил во Атланта. Таа тврди дека Дизел ја игнорирал, со што јасно му дала до знаење дека ѝ пречело тоа што ја допирал.

 

Во тужбата било наведено дека таа врескала и истрчала кон тоалетот, но дека актерот „ја притиснал со телото до ѕидот“.

 

Неколку часа по наводниот инцидент, сестрата на Дизел, која ја води неговата компанија One Race Films, ѝ се јавила и ѝ рекла дека е отпуштена. Јонасон ја тужи и сестрата на популарниот актер, но и компанијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag