Дејвид и Викторија Бекам важат за еден од најдолговечните парови во светот на познатите. И тие, како и сите јавни личности, се обидуваат да изградат одредена слика за себе во јавноста. Понекогаш тоа го прават криејќи одредени детали од својот живот, а понекогаш тоа го прават со измислување.
Само една таква ситуација се случи во нивниот нов документарен филм Бекам, во кој на јавноста и открија досега непознати детали од минатото и нивниот брак, вклучувајќи ја и измамата на Дејвид, за која зуеше цел свет.
Документарната серија на Дејвид и Викторија Бекам содржи многу различни моменти, а еден привлече големо внимание овие денови.
Тоа беше моментот кога Викторија се обиде да сокрие нешто од своето минато, но Дејвид, пред целиот свет, не ѝ дозволи да го стори тоа.
Што точно се случи?
Викторија сакаше да се претстави пред гледачите како некој што доаѓа од работничката класа.
Во еден дел од документарецот, кој многу брзо стана вирален на социјалните мрежи, Викторија раскажува како таа и нејзиното семејство биле членови на „многу вредната работничка класа“, со јасна желба да покаже дека не пливала во пари кога била млада и дека нејзините родители морале да работат напорно за секој цент.
Но, сепак… Кога Дејвид ја слушнал нејзината изјава, веднаш поставил контрапрашање и на многу оригинален начин докажал дека таа не ја кажува вистината и дека отсекогаш била дел од високата класа.
Hahahaha David Beckham wasn’t having Victoria as coming from a working class family. pic.twitter.com/sVBM7IxK6T
— AFC GLEN (@AFC_GLEN) October 4, 2023
– Ајде сега, биди искрена. Со каков автомобил те возеше татко ти на училиште?, праша Бекам.
– Па, одговорот не е толку едноставен – се обиде да се извлече Викторија.
– Каков автомобил возел татко ти – беше упорен Дејвид и го повтори прашањето.
Кога видела дека не може да излезе од оваа „стапица“, Викторија сепак одговорила.
– Добро. Беа осумдесетите и татко ми имаше Ролс-Ројс – изјави модниот дизајнер.
– Благодарам – кратко рекол Бекам, по што ја напуштил собата.