Џенифер Лопез (54) и Бен Афлек (51) ја слават првата годишнина од бракот, а познатата пејачка и актерка на социјалните мрежи сподели слатка порака за својот сопруг.
– Драг Бен, седам овде сама и гледам во мојот прстен. Преплавена со емоции, сакам да запеам. Како завршивме овде, без премотување назад. Ова е мојот живот – му ги посвети стиховите таа на својот партнер и се потсети на нивниот посебен ден.
Џеј Ло сподели фотографии од венчавката, како и една на која двајцата се бакнуваат со голем огномет во позадина.
View this post on Instagram
Инаку, глумецот и таа се верија пред речиси 20 години, но раскинаа пред свадбата.
Сепак, судбината повторно ги спои и сега уживаат во брачниот живот, иако папараците одвреме-навреме ги фаќаат во наводни кавги.
Изгледа дека на славниот актер му пречат камерите и не е љубител на случувањата на црвениот тепих, додека на Џенифер не ѝ пречат рефлекторите, па, според странските медиуми, двојката има мала мака.
Инаку, тие двапати застанаа пред олтарот. Првиот пат беше на 17 јули минатата година во Лас Вегас во малата бела капела, а Џеј Ло тогаш официјално го зеде презимето Афлек. Тие се венчаа по втор пат на неговиот имот во Џорџија, на овој ден.
– Успеавме. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. И се покажа дека љубовта е трпелива… Синоќа летавме за Вегас, застанавме во ред за дозвола со уште четири двојки, сите на ист пат до свадбената престолнина на светот – напишала Џенифер.