Не ги земајте овие симптоми здраво за готово
- Проблеми со констипација (запек)
Кога јадеме храна, ненамерно внесуваме и многу хемикалии заедно со неа, како што се конзервансите, боите и вештачките ароми. Цревата што се задолжени за дигестија, исто така мора да се соочат и со овие отрови. Насобирањето токсини може да доведе до нарушување на работата на желудникот и констипација.
Консумирањето органска храна, ограниченото внесување алкохол и пиењето повеќе вода, би требало да помогне во решавање на проблемот.
- Лошо помнење и проблеми со концентрацијата
Ако чувствувате вртоглавица, збунети сте и не можете да се концентрирате дури ни наутро по добро проспиената ноќ, штетните отрови може да се причина. Овие токсини предизвикуваат низа реакции што ги сушат есенцијалните витамини и минерали што му се потребни на телото за нормално да функционира. Тоа е слично на она што се случува кога ќе ставите лошо масло во автомобил.
- Болки во зглобовите и мускулите
Ако не сте биле во вежбалница и не сте вршеле некоја физички напорна работа, а имате болки во мускулите и зглобовите, насобирањето токсини во организмот може да биде причината. Болките во телото се показател дека можеби имате воспаление во телото, па ако немате друга причина за воспаление, обидете се со детоксикација.
- Проблеми со спиењето
Од една страна, насобирањето токсини прави да се чувствувате исцрпено, а од друга страна, може да ви го наруши сонот. Големите количини на отрови во организмот може да предизвикаат нарушување на нивото на хормонот кортизол кој го контролира сонот, што може да влијае негативно врз вашето спиење. Несоницата може да доведе до сериозни здравствени проблеми, така што ако мислите дека се’ потешко ви е да заспиете, размислете за детоксикација.
- Добивање килограми
И покрај сите тренинзи во вежбалница, ако и понатаму не губите килограми, можеби нешто не е во ред со вашите хормони. Токсините можат негативно да влијаат врз нивото на одредени хормони во телото, вклучувајќи ги и оние што се одговорни за одржување на тежината.
- Лош здив (што и вие го чувствувате, не само другите)
Лошиот здив најчесто е симптом на дигестивни проблеми. Тоа се случува кога вашиот дигестивен систем мора да се бори за да го свари сето она што го јадете. Но проблемите со варењето може да се јават и кога црниот дроб се бори да ги исчисти сите насобрани токсини. Отстранувањето на токсините е единствениот начин да го решите овој проблем, како и редовните стоматолошки прегледи, се разбира.
- Нагло опаѓање на косата
Губењето на косата не е симптом на токсично преоптоварување предизвикано од секојдневни токсини. Тоа може да резултат од поопасни токсини, како што се арсен, олово и талиум (се содржат во чадот од цигарите), кои можат да бидат смртоносни. Не го земајте губењето на косата здраво за готово и побарајте лекарска помош.