Секогаш ве оставаат и ве повредуваат: Неколку брутално искрени причини зошто секогаш бирате погрешен партнер

popara1 јули, 20231min00
Screenshot_1

Ако со гнев се присетувате на бившите, сигурно барем еднаш сте се запрашале зошто секогаш завршувате со погрешен човек. Постојат неколку можни причини за тоа, а добрата вест е дека не може да влијаете на сè, но може да влијаете на личниот избор.

 

 

 

Еве неколку причини поради кои привлекувате лоши момци:

 

  1. Се плашите од самотија

 

Ако поради страв од осаменост секогаш им давате шанса на момци кои не ве заслужуваат, запомнете дека секогаш е подобро да сте сами отколку во врска со некој кој не ве почитува.

 

  1. Сакате да го „поправите“ во подобар човек

 

Едно е да му дадете шанса на некој кој не е совршен, но сосема друго е континуирано да бирате мажи кои сакате да ги поправите бидејќи нешто им недостига.  На таквите често им недостасува и потреба да бидат добри кон личноста која е покрај нив.

 

  1. Синдром на грдо пајче

 

Ако мислите дека едноставно не заслужувате некој кој ќе биде добар кон вас и дека не може да најдете подобар од оној кој ви нанесува болка, тогаш дефинитивно страдате од овој синдром.

 

  1. Ви е страв да го барате тоа што го заслужувате

 

Дури и ако знаете дека заслужувате нешто подобро, тоа не значи ништо ако се плашите да инсистирате на тоа. Тоа е само знак дека ви недостига самодоверба, а кога им дозволувате на другите да ве третираат лошо, тешко дека нешто ќе промените.

 

  1. Мора да бидете со некого

 

Многу жени влегуваат во врска само за да не ги сметаат за чудни или непосакувани. Ако ви е помалку важно каков тип на човек е, а многу ви е поважно да имате некого, во животот ќе бидете опкружени со луѓе кои дефинитивно не треба да бидат покрај вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma