Некои луѓе лесно се поврзуваат со другите. Немаат проблем сами да излегуваат и да присуствуваат на социјални настани бидејќи секогаш успеваат да се дружат. Ако некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе се повозбудливи од другите, тоа може да има врска со нивниот датум на раѓање.
Ова се најдруштвените знаци.
Близнаци
Бидејќи со нив владее Меркур, планетата на комуникацијата, Близнаците се најсоцијалниот знак на Зодијакот. Тие се искрено заинтересирани за други луѓе и се неверојатно прилагодливи. Тие се доста добри во започнување разговори и можат да најдат заеднички јазик со сите. Имаат одлична смисла за хумор и лесно се поврзуваат со луѓето.
Вага
Вагите сакаат да бидат опкружени со пријатели и осаменоста им е неподнослива. Овие луѓе имаат пријатен карактер што ги прави одлични комуникатори. Вагите се топли, дружељубиви и шармантни и сакаат сите да се чувствуваат удобно со нив. Не сакаат конфликти, па затоа претпочитаат да се дружат со истомисленици.
Стрелец
Стрелците можат сами да излезат во кафуле и да се вратат дома со десет нови најдобри пријатели. Тие се смели, живи и авантуристички. Никогаш не им снемува смешни приказни за да ги насмеат луѓето на собири. Тие обично се сакани од сите поради нивната неверојатна смисла за хумор и оптимистичка личност.