Секогаш уникатна: Ријана воодушеви со statement јакна на претставувањето на новата колекција

popara20 декември, 20231min00
o_31608351_1280

Каде и да се појави, Ријана едноставно воодушевува. Пејачката уште еднаш го покажа својот префинет моден вкус на претставувањето на нејзината колекција Fenty x Puma. Главна ѕвезда на нејзиниот аутфит беше необична виолетова јакна која изгледа како парче 2 во 1, односно како да нашила луксузно виолетово вештачко крзно на кожената јакна. Интензивната виолетова боја одлично се совпадна со нејзините патики Creeper Phatty Puma кои таа ги дизајнираше. Со нив искомбинирала бела маичка со чипкано деколте, широки тексас панталони и впечатлив шарен накит. Очите ги истакнала со лаванда сенка за очи и ја усогласила шминката со целиот аутфит. Пејачката нормално е позната по својот ексцентричен стил, па и овој пат не разочара.

image

На црвениот тепих прошета сама, а подоцна ѝ се придружи и нејзиниот партнер, 35-годишниот рапер АСАП Роки, со кој има две деца, синовите RZA Athelston Mayers и Riot Rose Mayers. Двојката е во врска од 2020 година.

“Таа ми вреди како милион други. Кога знаеш – знаеш! Таа е онаа, вистинската”, изјави раперот во интервју за магазинот GQ, кој го прогласи за најубав маж во 2021 година.

image

И не само ASAP Rocky смета дека 35-годишната Ријана е „онаа“, туку и тимот на Puma. Всушност, брендот го најави враќањето на колекцијата Fenty x PUMA во март 2023 година, која вклучува унисекс и детски парчиња.

Инаку, нејзината соработка со брендот за спортска облека трае од 2014 година, кога стана глобален амбасадор и креативен директор на женскиот оддел. Пејачката потоа ја претстави првата колекција Fenty x PUMA на модната недела во Њујорк во 2016 година. Иако во 2018 година се чинеше дека соработката е завршена, се чини дека тоа беше само пауза.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma