Секојдневни навики кои ни ја црпат енергијата! Експертите советуваат како да го поправите тоа

popara5 јули, 20231min00
Screenshot_9

Еден од најефикасните начини да ја зголемите својата продуктивност е да се откажете од навиките кои ви ја трошат енергијата.

 

 

 

 

Еве ги десетте навики кои треба да се најдат на „листата за отстрел“:

 

  1. Се грижите за работи на кои не можете да влијаете

 

Со таквата грижа не можете да постигнете буквално ништо. Не можете да влијаете врз одлуките на владата или на несреќните настани. Сè што можете да направите е да одлучите како ќе продолжите натаму.  Тешко е да се ослободите од константното „чукање“ врз вашиот ум, но ако ги прифатите работите кои се случуваат, ќе заштедите многу енергија и ментален простор.

 

  1. Перфекционист сте

 

Не може сè и секогаш да биде совршено. Тоа е неизбежно. Немојте да се опседнувате со совршенство. Изберете ги битките што ќе ги водите. Ќе имате повеќе енергија и ќе бидете помотивирани.

 

  1. Берете туѓи грижи

 

Луѓето секогаш ќе се жалат на нешто. Ако се фатите во мрежата за грижа за работи кои всушност не се ваша грижа, ќе се исцрпите. Напорно е да се слушаат туѓите грижи. Избегнувајте ситуации во кои морате да го правите тоа. Не дозволувајте да ве вовлечат во работи кои не се ваша грижа.

 

  1. Им помагате на луѓе кои не ја сакаат вашата помош

 

Некој кој го сакате можеби поминува низ тежок период. Важно е да му дадете ваша поддршка. Но треба и да сфатите дека не можете да го промените тоа. Исцрпувачки е да се биде поддршка на некого кој е во тешка ситуација. Но ако веќе сте одлучиле дека ќе помагате, тоа е ваше право. Затоа пак, во ситуации кога не можете да помогнете, и луѓето не ја сакаат вашата помош, апсурдно е да го правите тоа.

 

  1. Обрнувате преголемо внимание на она што другите го зборуваат и прават

 

Зборовите и делата на другите луѓе можат да нè „срушат“. Иако понекогаш од однесувањето на другите можеме да научиме вредни лекции, во повеќето ситуации едноставно губиме време барајќи нешто што не постои. Малите работи често се неважни. Ако толку морате да знаете што некој мислел  кога зборувал на некоја тема – едноставно, прашајте го.

 

  1. Поминувате време со луѓе кои ве исцрпуваат

 

Опкружете се со луѓе кои ве подигаат и кои ве прифаќаат онакви какви што сте.

 

  1. Работите работа во која не уживате

 

Се разбира дека не може секој работен ден да ви биде како „песна“. Но, ако навистина не уживате во она што го работите, а ништо не преземате околу тоа, имате сериозен проблем. На работа поминувате 40 часа неделно. Честопати и повеќе од тоа. Осум часа дневно да се работи нешто кое ве исцрпува, навистина е исклучително непродуктивно.

 

  1. Ги прескокнувате вежбите

 

Лесно е да се остане во кревет половина час подолго наместо да се направи утринска гимнастика. Но со тоа, само ги влошувате работите. Со вежбањето се подига нивото на ендорфин, хормонот кој ве прави посреќни и поздрави.

 

  1. Размислувате на несреќните настани од минатото

 

Да се „залепите“ во минатото навистина не е тешко. Но, постојаното размислување на минатото само ќе ви ја одземе мотивацијата нешто да преземете токму сега.

 

  1. Не знаете да кажете „Не“

 

Сите имаме потреба да им угодуваме на луѓето околу себе. Затоа е толку тешко да се каже „не“ . Сепак, понекогаш мораме да излеземе од нашата удобна зона. Ако не умеете да кажете „не“, би можело да ви се случи да бидете одговорни за многу работи за кои не сакате да сносите одговорност.

Научете да кажете „не“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag