Секси издание на младата актерка:Необичниот бел фустан привлече внимание

popara4 октомври, 20234min00
Зендаја

Ѕвездата на серијата „Еуфорија“ повторно воодушеви со нов изглед на модната недела во Париз додека ја гледаше ревијата на Louis Vuitton.

Познатата актерка и пејачка Зендаја пристигна на модната недела во Париз,каде модната куќа Louis Vuitton ја имаше презентацијата на својата колекција пролет/лето 2024. 27-годишната актерка,која е и заштитно лице на брендот, покажа сексипилност во бел фустан од споменатата марка.Креацијата има долг патент,а актерката го остави горе отворен за да го покаже своето деколте,но и да го задржи високиот шлиц.Фустанот е украсен со златни синџири на прерамките.Долгата права коса ја ставила зад ушите,што дополнително и го отворило лицето,а се одлучила за светло руменило на образите,”smokey eyes” и темен кармин на усните.

Актерката секогаш импресионира на црвениот тепих,а тоа не е чудно бидејќи нејзиниот стилист е познат како Ло Роуч,со кој работи од почетокот на кариерата.Не би се рекло дека се кае за некоја модна комбинација,но сепак за магазинот Elle актерката откри дека навистина доживеала модна катастрофа.Имено, додека ја промовираше серијата „Shake it up“, актерката носеше широки панталони,син кардиган и кошула со пруги,за кои рече дека ја потсетуваат на Валдо,лик од серијата „Каде е Јура“ . Актерката го нарече изгледот „Германска Зендаја“ и се пошегува дека е лута на нејзиниот пријател и стилист Ло Роуч што и дозволил да го носи.Сепак,ретко греши,па нејзиниот изглед од претходната модна недела во Париз,кога Louis Vuitton ја претстави зимската колекција,стана еден од хит модните избори – тогаш избра шорцеви во комбинација со јакна со животински принт,под која носеше минијатурен триаголен градник, додека високите чизми ги усогласи со дезенот на сакото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma