Селена Гомез ја надмина Кајли Џенер и сега повторно е најследената жена на Инстаграм.
Селена Гомез на „Инстаграм“ за еден ден почнале да ја следат повеќе од два милиона луѓе. Од 22 февруари бројот се зголеми над 5 милиони, што дополнително го потврди нејзиниот статус како најследена жена на „Инстаграм“.
🚨Selena Gomez has surpassed Kylie Jenner and it's now once again the most followed women on Instagram. pic.twitter.com/GEBA9XI7DQ
— Pop Hive (@thepophive) February 21, 2023
Таблоидите не престануваат да пишуваат за новата шоубиз-драма на социјалните мрежи, која се чини дека сè уште не стивнува.
А во драмата се појавуваат три ѕвезди – Селена Гомез, Хејли Бибер и Кајли Џенер.
Селена Гомез моментно е најчестото име на социјалните мрежи, а причина е драмата помеѓу неа, Хејли Бибер (сопруга на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер) и Кајли Џенер.
Сè почна на 22 февруари кога милиони фанови заклучија дека Хејли и Кајли ја исмеваат Селена поради нејзиниот изглед на социјалните мрежи. Тоа беше истиот ден кога Селена ја собори Кајли како најследена жена на „Инстаграм“.
Набргу на социјалните мрежи почна вистинска војна на фановите. Милиони луѓе застанаа во одбрана на Селена и почнаа да ги повикуваат другите да ја следат на социјалните мрежи, да ги отследат Кајли и Хејли и така бројот на нивните фанови брзо почна да се намалува за стотици илјади луѓе, а на Селена од 381 милион се искачи на над 386 милиони.
Фотографијата што ја објави кога сè почна денес има 17 милиони лајка. И 17 милиони лајка на стара фотографија, која претходно ја објави, а потоа ја избриша. Во исто време, Кајли и Хејли мораа да ги заклучат коментарите на нивните објави поради големиот број хејтери, кои сега ги нарекуваат „злобни девојки“.
На „Тик-ток“ во тренд се објави во кои луѓето се снимаат како кликаат „отследи“ (unfollow) кај Хејли Бибер и Кајли Џенер и „следи“ (follow) кај Селена Гомез. „Девојко, ние сме со тебе“, ѝ велат на Селена, која среде ваквата војна најави дека на некое време ќе се повлече од социјалните мрежи.
Шпекулациите за драма помеѓу Хејли Бибер, Селена Гомез и Кајли Џенер не стивнуваат на интернетот, што веројатно е причина Гомез да направи пауза од социјалните мрежи.