Селена Гомез повторно е заљубена: Срцето на пејачката го освои најдобриот пријател на нејзиното поранешно момче, фановите се загрижени бидејќи не внимава на себе

popara8 декември, 20231min00
Screenshot_4

Познатата пејачка и актерка Селена Гомез (31) очигледно има нов дечко. Како што пренесуваат странските медиуми таа деновиве ја потврди врската со музичкиот продуцент Бени Бланко.

 

 

 

Селена ја заинтригира јавноста откако сподели фотографија на Инстаграм, на која таа ја потпира главата на рамото на брадест маж – Бени Бланко (35), кој носи дијамантски алки и ексцентрична кошула со зебри.

Но, Селена дополнително писмено ја потврди романсата со коментарите на Инстаграм од опцијата Поп фракции, во која нејзините обожаватели шпекулираа дека тие двајца се заедно.

 

Скриншотите направени од обожавателит покажуваат дека Селена на Инстаграм ја брани наводната романса со Бланко – иако некои фанови беа загрижени дека нејзиниот профил бил хакиран поради необичната активност.

„Тој е моето апсолутно сè во моето срце…Тој беше најдоброто нешто што ми се случило. Крај“, напиша таа како одговор на коментарите.

 

Пејачката откри и дека тие се забавуваат шест месеци и дека Бени се однесува со неа подобро од кој било друг.

 

Неодамна Селена соработуваше со Бени на нејзиниот последен хит „Single Soon“. Во јули тој беше присутен и на нејзината забава за 31. роденденска.

 

Инаку, Бени работеше со речиси секоја позната поп-ѕвезда во последната деценија – вклучувајќи го и Џастин Бибер, поранечниот дечко на Селена за песната „Lonely“ во 2020 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma