Селена Гомез е она што девојките и тинејџерите ширум светот го нарекуваат „остварување на сонот“. Таа има убавина, фигура, талент, харизма и светски позната кариера.
Сепак, лошата здравствена состојба на оваа поп икона фрла сенка врз „генетската лотарија“ и блескавиот успех. Борбата со лупус и биполарно растројство често може целосно да ја „забави“ и да ја принуди да се повлече во медиумското подземје.
Сепак, се чини дека Селена моментално ја добива таа битка, а веќе неколку недели ја гледаме онака како што ја паметиме – насмеана, убава и совршено стилизирана.
Пејачката отсекогаш го сакала „the princess moment“ во модата, па не се изненадивме кога на црвениот тепих се појави облечена како модерна Пепелашка. Долг, сребрен тоалет со детал од роза на јаката, кој изгледаше како нешто од бајките. Селена подоцна се пресоблече во многу необичен фустан, во облик на цвет, во светла виолетова боја, кој направи совршен контраст со нејзината црна коса.
За аксесоари избра дијамантски сребрени обетки, а за чевли сребрени сандали. Едноставно, сè беше во совршена хармонија.
Со првата комбинација Гомез го инспирираше духот на „златното доба на Холивуд“, кога светките и долгите тоалети беа неизоставен дел од настаните, а со вториот избор додаде креативна нота, останувајќи верна на женствениот пристап.
И како ви се допаѓа? Пишете ни во коментари.