Викендов излегувањето на Селена Гомез беше резервирано за нејзините пријатели, а меѓу нив беше и Франсиа Раиса, актерката за чија врска со Селена најмногу се зборуваше во последните месеци. Имено, токму таа го донираше својот бубрег во 2017 година кога бубрезите на пејачката почнале да ѝ откажуваат како последица на автоимуната болест лупус. Таа година Селена дури и ја нарече својата долгогодишна пријателка своја сестра, а имаше пофални зборови за својот спасител до минатата година, кога одеднаш почна да избегнува да зборува за неа.
Кога минатата година беше прикажан документарниот филм на Селена „My Mind & Me“ за борбата на актерката со физичкото и менталното здравје – бидејќи по лупус и беше дијагностицирано биполарно растројство – таа не ја ни спомна младата жена која и го спаси животот. Покрај тоа, во интервју за Ролинг Стоун во ноември 2022 година, Селена Гомез ладно изјави: „Никогаш не се вклопувам во групата на познати, кул девојки. Мојата единствена пријателка во забавната индустрија е Тејлор Свифт“. Болната изјава Франсија со само еден збор ја искоментира: „Интересно“.
И никој не би бил толку заинтересиран за нивната врска доколку во се не се замеша радио водителот Ел Кукуј, кој е татко на Франсија Раиса, кој откри дека „паузите на пријателството се случуваат кога се работи за љубов, пари и слава“, но и додал дека пријателките се скарале затоа што Селена почнала да пие алкохол, иако знае дека тоа е лошо за секој кој направил трансплантација на бубрег или црн дроб. Ел Кукуј појасни дека неговата ќерка ѝ рекла дека Селена дека „не дала бубрег за да може таа да пие“. Штетата што алкохолот ја прави на трансплантираниот орган е неизмерна. Како што тогаш објави TMZ, Селена била навредена од коментарите на нејзината пријателка и ги прекинала односите со неа.
Сепак, неколку месеци по целиот скандал, пријателките повторно се видени заедно. Селена и Франсија вечерале во друштво на други пријатели во италијанскиот ресторан Џорџо Балди во Лос Анџелес, а нивното излегување го следеa на социјалните мрежи бидејќи случајно одбрале слични чевли.
„Нема кавги, само салса“, напиша Селена Гомез, објавувајќи фотографија на која двете пристигнуваат на вечера облечени во чевли со леопард принт и ја означи Франсија на објавата. Коментарот очигледно се однесува на веста за големата кавга меѓу пријателките, која и да ја имале, сега е зад нив.