По бројните неуспешни романтични врски, Селена Гомез ја најде среќата покрај продуцентот Бени Бланко.
Според медиумите, парот е во романтична врска шест месеци, а Селена врската ја потврдила јавно.
-Селена Гомез навидум потврди дека е во врска – фан страницата Popfiction ја напиша фотографијата, а пејачката одговори со: „Факт“.
Таа, исто така, стави срце на фотографија од фан-страница на која пишува: „Се шпекулира дека Селена Гомез излегува со продуцентот Бени Бланко“.
Во еден коментар таа истакна дека Бени ѝ е „апсолутно се“.
– Сè уште е подобар од сите со кои сум била. Факти – додаде таа.
View this post on Instagram
– Со мене се однесуваше подобро од кое било човечко суштество на планетата – напишала младата ѕвезда во друга објава.
Сепак, Селена немала поим дека фановите ќе ја нападнат поради нејзината сегашна врска, а колку е изненадена покажува и фактот што во коментарите се „скарала“ со фановите.
Некои обожаватели тврдат дека Бени не ѝ е најдобриот избор и дека воопшто не си одат заедно, што ја повреди пејачката, а таа на своите фанови им порача:
– Тие што ме сакаат никогаш не би напишале вакво нешто. Тој е мојот избор и јас сум посреќна од било кога.
Да потсетиме, Селена Гомез и Бени Бланко имаат историја зад себе со оглед на тоа што тој продуцираше неколку нејзини песни. Сепак, Бени продуцираше музика и за поранешниот партнер на Селена, околу кој секогаш има некаков скандал, а тоа е Џастин Бибер. Интересно е што кога Бени ја објави песната I Can’t Get Enough на Селена, која е заеднички проект, истата година работеше со Џастин на неговиот проект Lonely.