Пејачката и актерка Селена Гомез во последните денови не се огласува на социјалните мрежи.
Сега објави Инстаграм Стори и изјави дека некое време нема да биде на социјалните мрежи.
„Паузирам затоа што срцето ми се крши поради ужасот, омразата и теророт што се случува во светот. Страшно е да се гледа како луѓето се измачувани и убивани поради каков било чин на омраза. Сите луѓе треба да бидат заштитени, особено децата “, напишала Селена.
Таа вели дека е свесна дека не може да го промени светот со своите објави, иако посакува да најде начин да го направи тоа.
„Едноставно не можам да поднесам да се повредуваат невини луѓе. Ме разболува. Посакувам да можам да го променам светот, но за жал една објава нема да го направи тоа“, напишала таа.
Таа потоа објави фотографија со нејзината помлада сестра Грејси Елиот. Вели дека тоа ја прави уште почувствителна за светските случувања. „За доброто на децата и невините животи, би направила сѐ“, напиша таа.
selena gomez is being so stupid right now. she is downplaying her massive following and being hypocritical. if a post can’t help change the world why call yourself a philanthropist?? why post about mental health, blm, womens rights, american elections etc etc pic.twitter.com/iw61aOxAIf
— jav (@parkwoodfilms) October 31, 2023
Ова не е прв пат Гомез да паузира од социјалните мрежи. „Повторно се одморам од социјалните мрежи бидејќи сето ова станува малку смешно. Имам 30 години и сум навистина премногу стара за ова. Но, многу ве сакам сите и ќе се видиме наскоро. Само ќе се одморам од сè“, порача Селена во февруари.