Познатата актерка Селма Хаек на социјалните мрежи објави фотографија на која е сосема природна.
Холивудската ѕвезда Селма Хаек уште еднаш ги воодушеви обожавателите истакнувајќи ги знаците на стареење.
На Инстаграм објави фотографија на која е без шминка и покажа дека се залага за природен изглед.
56-годишната актерка изгледа прекрасно без пудра, сенки за очи, маскара и кармин. На објавената фотографија се гледаат неколку брчки на нејзиното чело, а лицето и е врамено со седи прамени.
Под фотографијата Селма напиша:
-Се будам и бројам колку нови седи влакна и брчки се појавиле утрово.
Коментарите под фотографијата беа главно позитивни.
Еден коментар гласеше:
– Ви благодарам што споделивте, фотографијата помага да се види дека и најубавите и најпознатите жени стареат како останатите.
Меѓу коментарите се најде и комплимент од познатата манекенка Синди Крафорд.
Таа накратко напиша:
– Убавица.
Трендот на природна убавина во четириесеттите и педесеттите години се појави во последниве месеци. Ѕвездите се почесто се гледаат без шминка и боја на косата. Меѓу нив се Сара Џесика Паркер, Џенифер Анистон и Наоми Вотс.