Холивудската ѕвезда Селма Хаек (56) повторно им го одзема здивот на фановите со фотографиите кои ги објави на Инстаграм.
Актерката не престанува да привлекува внимание со својата фигура каде и да се појави.
Таа е позната и по промовирањето на природната убавина. Често се појавува без многу шминка, но и со малку ткаенина на себе. Таа ги сака своите облини и неверојатното деколте и не се срами да ги покаже.
Така таа неодамна ги воодушеви своите фанови објавувајќи фотографии во бикини. Го покажа своето деколте во светло жолт костим за капење и покажа колку е згодна и затегната.
Сега објави фотографија од сауна. На неа позира покриена само со минијатурни бели пешкири.
– Лековитата моќ на сауната – напиша Хаек под фотографијата.
Додаде дека сауната и помага да се ослободи од напнатоста.
Следбениците веднаш почнаа да ја фалат нејзината фигура. Еден од нив напиша:
– А таа ќе наполни 57 години овој септември.