Се чини дека Селма Хајек не старее
Познатата холивудска актерка на социјалната мрежа Инстаграм објави серија нови фотографии кои го привлекуваат вниманието на нејзините фанови од целиот свет. Убавата актерка (56) е фотографирана како излегува од брод во океанот, облечена во жолт костим за капење.
– Секогаш кога треба да се чувствувам обновено, скокам во океанот – напишала актерката во описот на фотографијата.
Последното јавно појавување на Селма беше на доделувањето на наградите Златен глобус, а за нејзиниот изглед се зборуваше со денови. Најголем дел од вниманието привлекува нејзиното деколте, а се шпекулира и дали актерката направила операција за зголемување на градите. Таа секогаш го негираше тоа, а еднаш објасни дека нејзиното тело едноставно се променило:
– Многумина рекоа дека сум ги зголемила градите и не ги обвинувам. Градите ми беа помали. Како и остатокот од моето тело. Но, тие само продолжија да растат до многу поголема големина. И мојот грб навистина страда од тоа. Малкумина зборуваат за тоа – рече еднаш Селма.