
Мајкл Даглас (78) и Кетрин Зета Џонс (53) се појавија во Кан на црвениот тепих со ќерката Керис (20)
Тие ретко се појавуваат со својата ќерка на црвените килими, но 76 – годишниот филмски фестивал во Кан беше исклучок. Семејството присуствуваше на проекцијата на „Jeanne du Barry“ и на свеченото отворање на фестивалот.
Мајкл беше олицетворение на безвременската елеганција во црн костум со црна машна, додека неговата сопруга го украде шоуто во неверојатен црвен фустан до подот, кој е олицетворение на холивудскиот гламур. Нивната ќерка Керис дефинитивно го наследила мајчиниот вкус за мода, па носеше елегантен долг бел фустан од тантела.

Мајкл и Кетрин се во брак 23 години и имаат две деца, а покрај ќерката го имаат и синот Дилан (22). Даглас има уште еден син, Камерон (44) од претходниот брак со Диандра Лукер.