Сензација во кината: Филм на кој му се насмевнува заработка од милијарда долари

popara21 април, 20231min00
o_28753197_1280

„Super Mario Bros“, филмот на американското филмско студио Universal, Nintendo и Illumination, постигна неверојатен резултат на гледаност и со тоа ги собори сите рекорди. Иако на самиот почеток критиките не беа позитивни, овој анимиран филм е вистински доказ дека критичарите не се секогаш во право. Обожавателите на истоимената видео игра „Супер Марио“, по која се базира филмот, знаат што е Марио и очигледно на крајот испадна онака како што требаше.

Семејниот филм со извонредни визуелни глетки ги привлече гледачите ширум светот, а ова беше видливо и на кино благајните. Имено, филмот за само 13 дена ја надмина вртоглавата заработка од 700 милиони долари и моментално е најголемиот хит за оваа година во филмската индустрија. Исто така, важно е да се напомене дека само 12 холивудски продукции успеале да постигнат ваков финансиски резултат од почетокот на пандемијата. Аналитичарите шпекулираат дека на Марио наскоро ќе му се насмевне заработката од повеќе од милијарда долари, а ги надмина филмовите како „Uncharted“, „Detective Pikachu“, „Warcraft“, „Sonic“, „Frozen 2“…

Само за време на велигденскиот викенд филмот заработил 146,5 милиони долари, а аналитичарот Дејвид А Грос се согласил дека бројките се сензационални, велејќи дека тоа се најдобри резултати од анимиран филм досега. Причината за тоа е привлекувањето на различни возрасни групи, семејства, помлади и постари генерации, со еднаков број мажи и жени. Според статистиката, за време на велигденскиот викенд, на канадскиот и американскиот пазар бил повеќе гледан и од „John Wick 4“, што изненади многумина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma