Сепак се враќа: Хит серијата „Big Little Lies“ ќе добие трета сезона

popara21 ноември, 20231min00
o_31297715_1280

Напнатата драмска серија „Big Little Lies“, која дебитираше во 2017 година на стриминг платформата HBO, конечно ќе добие трета сезона. Серијата е базирана на истоимениот роман на Лиана Мориарти од 2014 година и зборува за проблемите на бракот, родителството и пријателството. Иако веќе се помиривме со фактот дека серијата нема да продолжи, ѕвездата на серијата Никол Кидман, позната и по улогите во филмовите „A Woman to Die For“ и „Moulin Rouge!“, откри дека уште ја чекаме третата сезона.

image

„Го сакав „Big Little Lies“ затоа што дојде во период од мојот живот кога имав деца и мислев дека ќе се пензионирам, а потоа имаше ситуација кога Рис Витерспун и јас бевме во можност да го продуцираме тоа шоу“ објасни 59-годишната Никол Кидман, по што го најави доаѓањето на третата сезона.

Серијата ја напиша Дејвид Е. Кели, додека првата сезона ја режираше Жан-Марк Вале, а втората Андреа Арнолд. Одличната актерска екипа ја сочинуваат филмските ѕвезди Рис Витерспун, Никол Кидман, Шејлин Вудли, Лора Дерн и Зои Кравиц, а во втората сезона им се придружува и повеќекратната оскаровка Мерил Стрип.

image

Во центарот на заплетот се три мајки и пријателки – Медлин, Селест и Џејн – кои на прв поглед живеат идиличен живот во калифорнискиот крајбрежен град Монтереј, но наскоро станува јасно дека нивниот хармоничен живот е обележан со лаги, конфликти и тајни. Веќе по првата сезона, серијата доби бројни позитивни критики и дури осум пати ја освои наградата Еми. Детали за почетокот на снимањето на новата сезона се уште не се познати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag