Клодет Дион, сестрата на популарната пејачка Селин Дион (55), сподели со јавноста информации за здравствената состојба на пејачката. Селин страда од синдром на вкочанетост кој погодува еден од милион луѓе. Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која лицето не може да се движи.
Не можеме да најдеме лек кој делува, но надежта е важна. Искрено, мислам дека најмногу и треба одмор. Таа секогаш оди над просекот кога настапува, секогаш се труди да биде најдобра во својата игра. Срцето и телото се обидуваат да кажат нешто и тоа треба да се слуша – изјави сестрата за француските медиуми.
Клодет изјавила дека ги слушаат советите на лекарот и се обидуваат да најдат решение за оваа неизлечива болест.
– Настапот и е вроден, дисциплинирана е во сите области од нејзиниот живот. Кога и се јавувам на Селин и таа е зафатена, разговарам со сестра ми Линда која живее со неа и таа ми вели дека работи напорно. – додаде Клодет.
Во декември Селин објави дека боледува од оваа болест, а нејзините обожаватели и испратија пораки со поддршка.